Сигурицата на денот „се крие“ во пријателските мечеви!

Денешната фудбалска понуда е богата со натпревари на репрезентативно ниво, се играат квалификации за Европското првенство кое ќе се игра следната година во Германија, а има и солиден број на пријателски мечеви кои може да бидат привлечни за обложувачите.

Германците како домаќини на ЕВРО 2024, не учествуваат во квалификациите, па во термините за репрезентативни дуели, тие играат пријателски мечеви. Вечерва во Мајнц, Панцерите го пречекуваат Перу, и се надеваат на четврта победа на последните 12 меча. Германците имаа дури шест ремија на последните 11 меча.

Иако Перу е незгоден тим кој може да изненади, веројатно победата на Германците не треба да се доведе под прашање. Германија во досегашните два меѓусебни дуели, двапати го победуваше Перу, прво со 3-1 на СП 1970 година, а потоа со 2-1 на пријателски меч во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести