Тотенхем денеска ќе игра против тим што е 161 позиција послаб од него!

Тотенхем денеска ќе гостува во Ливерпул, но тоа нема да биде дерби туку треба да биде еден необичен меч кој ќе влезе во историјата на англискиот фудбал. Лондонскиот тим против себе ќе го има тимот на Марине, клуб кој се натпреварува во осмата англиска лига.

Ждрепката во ФА Купот сакаше осмолигашот да добие можност да гости да им дојде Жозе Мурињо со тимот кој се бори за титула во Премиер лигата. Моментално двата тима се на 161 позиција растојание, според скалилото на вредност во англискиот фудбал. Никогаш претходно два тима во англискиот фудбал не одиграле официјален натпревар, а разликата меѓу двата противници да биде толку многу позиции.

Стадионот на кој ќе се игра денеска, е со капацитет од 3.000 гледачи има само една соблекувална, во која најчесто се соблекуваат гостите, а за домаќините местото за пресоблекување е локалниот бар. Овојпат домаќините ќе им дозволат на популарните гости да го „превземат барот“, каде имало поголема комоција.

Инаку, Марине е тим со огромна традиција. Формиран е уште во фалечната 1894 година, што значи дека постои цели 127 години. Сепак, никогаш овој клуб немал некоја богата фудбалска историја.

Навивачите на Марине откупиле 10.000 виртуелни билети, а сите пари ќе бидат донирани во клупската каза. Од тимот на Марина помош побарале и од нивниот сосед Ливерпул за да добијат детални анализи за сите играчи на Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести