Силекс во Кратово ќе биде домаќин на Вардар во еден од најинтересни мечеви во Прва лига што ќе се играат утре, кога и ќе стартува последниот трет круг од првенството.
Од Силекс преку соопштение потенцираат дека немаат покането ниту една навивачка група на Вардар да гостува на стадионот во Кратово, но сепак ги повикуваат симпатизерите на двата клуба да присуствуваат на средбата.


