Силва: Македонија е селекција со голема традиција, посебно се опасни кога играат дома

Ракометната репрезентација на Португалија во Скопје ги прави последните подготовки пред утрешниот дуел против Македонија, во СРЦ „Борис Трајковски“, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Македонија и Португалија имаат максимални четири бода по двете одиграни кола досега и тоа се селекциите кои се фаворити за освојување на првите две места, кои водат место на континенталниот собир.

Сепак, важно е и кој ќе биде прв, а кој втор во групата. Португалија е фаворит, но Диого Силва знае дека Македонија е опасен ривал, кој не смее да се потцени.

„Македонија е репрезентација која има голема традиција. Можеби во моментов не се во најдобра форма, но знаеме дека секогаш е тешко да се игра против нив, посебно кога играат на домашен терен. Некои од нас веќе имаат играно на тој терен во Скопје и затоа мора да бидеме максимално концентрирани, да се покажеме во најдобро светло, ако сакаме да постигнеме добар резултат“, вели Силва во пресрет на двомечот против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести