Силва сака во Барселона, побарал од Гвардиола да го ослободи од обврските

Бернардо Силва донел конечна одлука и сака да си оди од Манчестер сити и кариерата да ја продолжи во Барселона, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво“. Според Каталонците, репрезентативецот на Португалија веќе го информирал Пеп Гвардиола за својата одлука и побарал од него да биде ослободен од обврските за да си го оствари сонот од детството и да заигра за Барселона.

„Минатото лето во самата завршница од преодниот рок остана без трансфер во Барселона и сега е свесен дека ова е можеби последната шанса да оди во Барса и да си го исполни сонот од детството. Португалецот смета дека со освојувањето на Лигата на шампионите е завршен циклусот во Манчестер сити и дека е време да се пресели во омилениот клуб и градот кој ги фасцинира и него и неговата сопруга. Гвардиола минатата сезона му ветил дека ќе го пушти ако Барселона испрати разумна понуда“, се вели во текстот на „Мундо депортиво“.

Бернардо Силва во Манчестер сити пристигна во 2017 година од Монако за 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести