Таман за колекционерите – Специјална едиција на сите шампионски екипи во Формула 1 (Фото)

Трката на патеката во Силверстон е во тек, а денеска за Формула 1 е славенички ден, се слави 70-годишен јубилеј и по тој повод организаторите се погрижија со сепцијална едиција да го збогатат јубилејот.

Објавена е фотографија со сите победници во конкуренција на конструктори, предводени од рекордерите од Ферари, кои имаат 16 титули.

Моментно доминацијата е апсолутна за Мерцедес, со шест титули по ред, а како возат Хамилтон и Ботас им се насмевнува и седмица.

Приказната почна во 1958 година кога за првпат се биеше битка за шампионска титула во конкуренција на конструктори. Победи британски Ванвол, а потоа двегодини по ред Купер го превзеде приматот. Се пријави и Ферари со првата од вкупно 16 рекордни пехари, а приказната трае до денеска со голема доминација на Мерцедес во последните шест сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести