Симболична казна за Барселона по Ел Класико

Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 1.500 евра поради што за време на Ел Класико навивачите фрлаа предмети на теренот.

За време на најголемото фудбалско дерби, во Барселона се случуваа протести околу осамостојување на Каталонија, додека на трибините на „Камп ноу“ исто така имаше луѓе кои јавно го изразија незадоволството. Додека лутите ривали бркаа победа, во еден момент излетаа неколку топки на теренот по што имаше и краток прекин на спектаклот, па затоа Барса мора да ја плати симболичната казна поради прекршување на одредени правила.

Исто така, шпанскиот првак е под закана да игра пред празни трибини доколку ваков сличен инцидент се повтори во блиска иднина.

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести