Симеоне: Гвардиола е добар тренер, но има и среќа, јас ги немав Меси, Чави…

Дуелот на Манчестер сити и Атлетико Мадрид вечерва во Лигата на шампионите ќе донесе надмудрување на одличните стручњаци Хосеп Гвардиола и Диего Симеоне, а освен куртоазни изјави, тие си упатија и по некоја провокација.

„Атлетико е првак на Шпанија, им се воодушевувам на постојаноста, знаат како треба во ова натпреварување, двапати беа финалисти. А, кога почнував во Барселона, беше поинаку“, изјави Шпанецот Гвардиола, кој седи на клупата на Сити.

Аргентинецот Симеоне повеќе од една деценија го води Атлетико.

„Гвардиола е неспорно талентиран тренер, но имаше и среќа постојано да има вонсериски фудбалери во своите тимови. Јас никогаш не ги имав Чави, Бускетс, Пике, Иниеста или Меси“, рече Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести