Аксел Вицел во најскоро време ќе биде промовиран во нов член на Атлетико Мадрид. Белгискиот репрезентативец прифати договор на една година за да биде новиoт Јорганџија.
Неговиот договор со Борусија Дортмунд завршува по крајот на овој месец, па како слободен играч ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“. За Милионерите одигра повеќе од 140 натпревари во изминатите четири години и одлучи дека е време за промени.
Инаку Вицел ќе биде втора летна аквизиција на Атлетико откако од претходно е договорен трансферот на бразилското крило Самуел Лино, за кого клубот потроши 6,5 милиони евра да го ангажира од Жил Висенте.