Симеоне по петти пат стана татко

Тренерот на Атлетико Мадрид, аргентинскиот стручњак и поранешен фудбалер, Диего Симеоне, по петти пат стана татко. Денеска тој ја доби ќерката Валентина (инспирацијата за името ја добил од претстојниот празник на љубовта), што е негово второ дете (двете женски) со сопругата Карла Переира.

Популарниот Чоло, на социјалните мрежи покажа фотографија од болница во која ја држи својата нова ќерка и кратко порача: „Добредојде Валентина“. Еден од синовите, Џулијано кој е меѓу децата кои додаваат топки на мечевите на Атлетико Мадрид, напиша „Добредојде за новиот навивач на Атлетико“. Сопругата се пофали со слика на која ќерката Франческа ја држи во раце својата новородена сестра.

Симеоне има и три сина од првиот брак со Италијанката Каролина Балдини.

- Оглас -

Најнови вести