Симеоне призна: Кога дознав дека Меси си оди од Барселона, веднаш му се јавив на Суарес

Атлетико Мадрид беше најголемиот добитник од тоа што Луис Суарес беше избркан од Барселона, па Јорганџиите го доведоа голгетерот во своите редови и со него во тимот станаа шампиони на Шпанија. Летово, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, за кратко се понадевал дека би можеле да го доведат и Лионел Меси.

Откако станало јасно дека Меси ќе си замине од Барселона, Симеоне посакал да го доведе Аргентинецот и повторно да го спои во тандем со Суарес.

„Кога се дозна дека Меси ќе си замине од Барселона, веднаш му се јавив на Луис Суарес. Го прашав Луис дали би можело да се случи Меси да дојде кај нас и дали има минимална шанса да направиме таков трансфер. Додека мечтаев за Меси да дојде во Атлетико, се јавија од ПСЖ и објавија дека го сакаат Меси. Само три часа траеше мојот сон за Меси да дојде во Атлетико“, откри Симеоне.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести