Симеоне си доби засилување по мерка – Кондогбија е нов член на Атлетико Мадрид (Видео)

Жофреј Кондогбија е новото квалитетно засилување на Атлетико Мадрид, таман по мерка на Диего Симеоне, а распродажбата на играчи продолжи во Валенсија.

Корпулентниот репрезентативец на Франција потпиша договор со Атлетико до 2023 година и од неговиот трансфер Валенсија ќе заработи 15 милиони евра.

На Атлетико му беше дозволен трансфер надвор од преодниот рок, по заминувањето на Томас Парти во Арсенал во финишот на регуларниот дел од летниот трансфер-пазар.

https://twitter.com/Atleti/status/1323584927758209024?s=20

Кондогбија има четири настапи за француската репрезентација и Атлетико ќе му биде шесттиот клуб во кариерата. Почна во Ланс, а потоа продолжи во Севилја, Монако, Интер и Валенсија, клуб за кој настапуваше од 2017 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести