Атлетико Мадрид убедливо со 5:2 го победи Тотенхем во меч од осминафиналето во Лига на шампиони. За Тотенхем ова е четврти меч под водство на новиот тренер Игор Тудор и четврти пораз. По неполни 23 минути Атлетико водеше со 4:0, а на крајот стигна до убедлива победа.
Интересно е дека по мечот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне апелираше до своите фудбалери да не се опуштаат. Според стратегот на Атлетико, неговиот тим е аутсајдер, иако победи со 5:2 по првата средба. Ова мислење на Симеоне се базира на добрите игри на Тотенхем во Лига на шампиони во групмата фаза. Лондонскиот тим заврши на четвртото место во групната фаза.
„Дали сме фаворити? Не не сметам дека сме фаворити во дуелот со нив. Тотенхем заврши на четвртото место во Лига на шампиони и затоа воопшто не се гледам како фаворити пред реваншот“, рече Симеоне за противникот кој нема ниту една победа на последните шест дуели.

