Симфонија на Алкараз, ги победи сите три главни фаворити за титула во Мадрид

Карлос Алкараз на убедлив начин ја освои титулата на АТП турнирот во Мадрид, со победа од 2:0 во финалето против Александер Зверев.

Шпанската тениска сензација загуби само 4 гема во големото финале и приреди уникатен подвиг на ценетиот тениски турнир.

На три меча по ред нанижа победи против носителите број 1, 2 и 3, а симфонијата ја почна со победа против Рафаел Надал во четвртфиналето.

Рафа беше трет носител на турнирот, но загуби од помладиот сонародник, кој потоа го елиминира и топ-носителот на турнирот, Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Со тоа 19-годишниот тенисер од Шпанија приреди уникатен подвиг и е единствениот тенисер што едноподруго на земјена подлога ги победил Надал и Ѓоковиќ.

Вечерва во финалето го декласира и вториот носител Зверев со 6:3, 6:1 за само еден час и четири минути игра и го освои трофејот во Мадрид, што во 2005 година го освои и неговиот дегашен тренер Хуан Карлос Фереро.

Алкараз има уште еден интересен подвиг и досега во пет финалиња што ги играше во кариерата нема загубено ниту еден сет и освои пет трофеи.

- Оглас -

Најнови вести