Симиќ им се приклучи на сениорите во Маврово, се чека уште Нено

Теодор Симиќ се приклучи на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија на подготовките во Маврово, во пресрет на обврските во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

За младиот центар нема одмор, веднаш по настапите за Македонија на јуниорското ЕП се стави на располагање кај новиот селектор Алек Јончевски. Во меѓувреме во тимот се приклучи и Андреј Јакимовски, додека Јончевски го очекува уште Ненад Димитријевиќ, кој доби простор од неколку дена да ја комплетира преселбата од Валенсија во Уникс Казањ, каде што ќе игра во претстојната сезона.

Инаку сениорите веќе неколку дена се подготвуваат за дуелите против Данска на 25 и Словачка на 28 август. Пред тие средби, Македонија ќе одигра еден подготвителен натпревар против Црна Гора. Дуелот е закажан за 16 август и ќе се игра во Бар, во салата „Тополица“.

- Оглас -

Најнови вести