Сомнителен пенал го направи Роналдо бесмртен – ЦР7 погоди и е единствен во историјата со голови на пет Мундијали (Видео)

Сомнителен пенал беше досуден за Португалија во 65. минута на мечот со Гана, а по дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Салису, судијата Елгат од САД покажа на белата точка.

Роналдо сам го изведе пеналот и погоди за предност на Португалија од 1:0 и за личен и светски рекорд.

Пеналот и голот можете да ги погледнете ОВДЕ.

Роналдо е единствениот фудбалер што дал голови на пет Мундијали.

Радоста на Португалците траеше кусо, само 8 минути, а израмни Андре Ају во 73. минута.

- Оглас -

Најнови вести