Симоне Инѕаги е новиот тренер на Интер!

Симоне Инѕаги сепак нема да остане на клупата на Лацио, иако вчера се чинеше дека тренерот ќе го продолжи договорот со римските Орли. Откако официјално се простија со Антонио Конте, денеска од Интер му понудиле договор на Инѕаги, и тој не можел да одбие работа во италијанскиот првак и настапи во Лигата на шампионите.

Платата на Инѕаги во Интер ќе биде 3,9 милиони евра по сезона, а договорот е на две сезони. Лацио на својот досегашен тренер му нудеше годишна плата од 2,5 милиони евра. Сите италијански медиуми пишуваат дека деталите се договорени, недостасува само уште официјална потврда на трансферот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести