Симоне непоразен ќе се врати од гостувањето кај брат му Филипо Инѕаги

1001 Вулверхемптон – Челзи (19.00 часот)

Волците имаат проблем со реализацијата, дадоа само 11 гола во 12 меча. За споредба, Челзи има 25 гола на 12 настапи сезонава во Премиер лигата. Двата тима загубија викендов со по 0-1, па веројатно и сега нема да има премногу голови, иако на последното гостување на Сините на „Молињу“ пред 14 месеци имаше седум гола (победа на Челзи од 5-2). Традицијата покажува дека кога Челзи гостува кај Вулверхемптон, никогаш не било нерешено.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.35)

 

1002 Манчестер сити – ВБА (21.00 часот)

ВБА ја има најлошата одбрана во Премиер лигата и ова е шанса за Сити да си ја поправи гол-разликата. Граѓаните потфрлија во градското дерби и ќе сакаат да се вратат на победничките патеки. Последните шест меѓусебни дуели на овие тимови секогаш завршуваа барем со три гола, а на „Етихад“ од 2009 наваму секогаш победуваат домашните. Сити на четири од последните пет меча дома против ВБА даваше три гола, а еднаш даде два.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.85)

 

3002 Беневенто – Лацио (20.45 часот)

Ова е историски меч бидејќи еден против друг ќе се надмудруваат браќата Инѕаги, кои се тренери на двата тима. Лацио е благ фаворит на хартија, но Вештерките се тврд тим кој игра на малку голови, за разлика од Орлите, кои имаат низа од шест меча на кои и даваат и примаат погодок. Лацијалите беа убедливи против Беневенто со 6-2 и 5-1 во сезоната 201718, но во септември годинава на пријателски меч беше 0-0. Лацио од октомври не загубил на гости.

Предлог тип: Т2 2+ (1.70)

 

1804 Вердер – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Двата тима се во криза, Вердер има три порази по ред, а Борусија во последните три кола освои само еден бод. Дортмунд го смени тренерот и сега мотивирани и желни за докажување ќе се појават на теренот во Бремен, па веруваме дека први ќе дадат гол. Борусија е фаворит, но поради неиграњето на Халанд и Азар, не треба да се исклучи и реми. Борусија често победува на гостувањата во Бремен. Вердер дома повеќе од два месеци нема победа.

Предлог тип: 2 ПДГ (1.46)

 

1301 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (22.00 часот)

По победите во дербијата над Севилја и Атлетико, Реал повторно игра со трофеен противник кој е негов историски ривал. Реал почна да се комплетира и веројатно ќе има извесни измени во составот, па Билбао ќе проба да изненади. Атлетик има само една гостинска победа сезонава. Во минатата сезона, Баскијците освоија бод на „Бернабеу“, сега ќе се игра на „Алфредо ди Стефано“. Последниот домашен пораз на Реал од Атлетик е од 2005 година, само од пристапот и мотивацијата на Реал зависи каков ќе биде исходот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Вулверхемптон – Челзи 2 & 2-4 (2.65)

Вердер – Борусија Дортмунд 1+I & 2+II (2.45)

Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1Х & ГГ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести