Симултанка на Харден, Јокиќ подобар од Зајон, може Лејкерс и без лидерите (видео)

Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од 44 поени и 14 скока, како и 8 асистенции, брилјираше во минималниот гостински триумф на Бруклин од 113:111 против Детроит пистонс.

Брадата запиша највисок број на поени откако е член на Мрежичките, па во победата за која неговата екипа се тресеше до последен момент, играше дури 42 минути, за на крајот да заврши пред време со шест фаули.

Одличен меч одигра Зајон Вилијамсон против Денвер, но неговиот личен рекорд од 39 поени надополнети со 10 скока, не беше доволен за Њу Орлеанс да избегне пораз од Нагетс при конечни 108:113.

Вилијамсон наиде на расположениот Јокиќ, кој флертуваше со трипл-дабл при учинок од 37 поени, 9 асистенции и 6 скока. Јокиќ дури 22 од своите 37 поени ги забележа во второто полувреме, па така Денвер оствари идентична гостинска победа кај Пеликаните како пред една недела.

https://twitter.com/NBA/status/1375657411659333635

Шампионот ЛА лејкерс стави крај на лошата серија од четири порази, па без ѕвездите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го одбрани домашниот терен и славеше со 100:86 против Кливленд кавалирс. Лејкерси заслужено ја добија средбата откако го свртеа резултатот во своја корист на стартот од второто полувреме и на доминантен начин ја запишаа 29-тата овосезонска победа.

Харел со дабл-дабл од 24 поени  и 10 скока ги предводеше домаќините, го следеше Шрудер со 17 поени и 7 асистенции, додека Лери Ненс џуниор на другата страна беше мотивиран против својот поранешен тим, па заврши со 17 поени и 10 скока.

Останати резултати НБА:

Милвоки 114:122 Бостон, Торонто 100:104 Феникс, Шарлот 110:105 Мајами, Минесота 107:101 Хјустон, Орландо 105:112 Портланд, Далас 94:109 Индијана, Јута 117:114 Мемфис, Голден стејт 108:124 Атланта.

- Оглас -

Најнови вести