Симултанка на Меси од 33 минути, Барса држи чекор со мадриѓаните

Барселона се врати на третото место на табелата во шпанската Ла Лига откако славеше дома со 5-2 против Хетафе, а Барса има и еден меч помалку кој ако го добие, ќе биде втора. Лионел Меси беше инспиратор на победата со два гола, асистенција, а Аргентинецот беше блиску и кога гостите си дадоа смешен автогол.

Во првите 33 минути од мечот, Меси сам имаше шест шута кон голот на противникот, па Барселона водеше со 3-1 и ја најави победата. Но, Хетафе од пенал намали на 2-3, тоа беше четврти пенал сезонава против Барса на „Камп ноу“, па на Каталонците не им беше сеедно. Сепак, Араухо даде гол со глава за 4-2 по добро изведен корнер на Меси и ги разреши дилемите, а точка стави Гриезман од пенал во судиското продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести