Синдикатот на фудбалери ја тужи ФИФА, бара да се укине СКП

Меѓународниот синдикат на професионални фудбалери, ФИФПРО, ја тужу светската фудбалска организација, ФИФА, на судот во Брисел. Кон тужбата се вклучија и Синдикатот на фудбалери од Премиер лигата, како и оној од првенството на Франција. Нивното барање е да се укине планираното Светско клупско првенство, кое треба да се игра во САД на крајот од следната сезона.

Од синдикатот сметаат дека календарот е презаситен, а фудбалерите се донесени до работ на своите можности. Тие и досега со писма се обраќаа до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но не наидоа на разбирање. Токму поради тоа се одлучија на ваков чекор со тужба да ги бараат правата кои сметаат дека им следуваат.

Првото Светско клупско првенство во проширен состав со 32 екипи треба да се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година во САД.

- Оглас -

Најнови вести