Рускиот тенисер Данил Медведев го победи светскиот рекет број 1, Јаник Синер, во четвртфиналето на Вимблдон. Средбата која траеше речиси четири часа, заврши во полза на петттиот број на АТП-листата со 6-7, 6-4, 7-6, 2-6, 6-3.
Медведев втора година по ред е во полуфиналето на Вимблдон, а сега ќе игра против победникот од мечот меѓу Шпанецот Карлос Алкарас и Американецот Томи Пол.
Синер во кариерата има само една титула на трева, а во текот на мечот со Медведев му се слоши, бараше медицински тајмаут и немаше сили за подвиг во петтиот сет.