Јаник Синер реши да го копира Новак Ѓоковиќ и така да ја одржува својата челна позиција на АТП-листата. Италијанецот, кој е светски рекет број 1, го ангажире и Радек Штепанек, па сега има дури тројца поранешни тренери на Ѓоковиќ во својот тим.
Синер прво го зеде физиотерапевтот Улисес Бадио, па кондицискиот тренер Марко Паникини, а сега ќе работи и со некогашниот тенисер Штепанек, кој во минатото го тренираше Ѓоковиќ со цел подобрување на волеј-ударот.
Освен што му ги собира некогашните тренери, Синер сака да биде како Новак и во уште една работа. Од неодамна игра со истиот специјален рекет со којшто игра и Србинот.
Инаку, на денешната најнова АТП-листа, Ѓоковиќ падна на петтото место и неизвесно е дали ќе се појави на завршниот Мастерс во Торино дури и ако обезбеди учество таму.