Сините го добија лондонското дерби, Арсенал се жали за поништен чист гол (Видео)

Европскиот првак Челзи славеше со 2-1 на гостувањето на „Емирејтс“ кај градскиот ривал Арсенал, во меч на една година по финалето на ФА купот кој тогаш Топчиите го добија со 1-0.

Каи Хаверц и Тами Абрахам погодија за Сините, а Гранит Џака кој влезе во 40-та минута на местото на повредениот Томас Парти, беше стрелец за Арсенал. Домашните во финишот постигнаа уште еден гол, но беше поништен, затоа што топката наводно не ја минала целосно гол-линијата. Од Арсенал се жалат дека биле оштетени.

Погледнете каде заврши топката по шутот на Џо Вилок:

Ова е голот на Хаверц во 26-та минута, по асистенција на сонародникот Тимот Вернер:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести