Првиот ден во новата година почна со одлична вест за навивачите на Челзи бидејќи управата на Сините ги заврши сите детали од трансферот на Беное Бадијашил, и се чека само на официјална потврда на клубот.
Според релевантни извори, Челзи го направи првиот трансфер во зимскиот преоден рок, откако се согласи да му плати 37 милиони евра отштета на Монако за францускиот репрезентативец.
Бадијашил има 21 година и е продукт на младинската академија на Монако, веќе е стандарден првотимец, а веќе запиша и два натпревари за француската репрезентација.
Бадијашил во Монако доаѓа како замена за ветеранот Тијаго Силва кој на крајот од сезоната ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.