Сините му нудат на Милан трампа со голманите, а имаат и алтернативно решение

Челзи веќе донесе пет засилувања во пресрет на новата сезона, а во меѓувреме се работи на две полиња. Наскоро се очекува ангажманот на Хаверц, за потоа да се реши единствената слаба точка која остана, голманската позиција.

Кепа Аризабалага дефинитивно нема иднина на „Стемфорд бриџ“, откако потполно ја загуби довербата кај Френк Лампард. Најскапиот голман во светот наводно бил понуден на Милан, во замена за услугите на Џанлуиџи Донарума. Сините посакуваат директна трампа со двајцата голмани, па сега се чека одговор од Милано.

Во меѓувреме, Лампард не сака да губи време и веќе е испратена понуда за алтернативното решение, голманот на Рен Едуар Менди. Француските медиуми известуваат дека е стигната понуда од 20 милиони евра до таборот на Рен, наскоро ќе се види дали сумата е доволна.

- Оглас -

Најнови вести