Сините во налет, Лампард го реши најголемиот проблем

Челзи се приклучи на водечките екипи во Премиер лигата по убедливите 3-0 на гостувањето кај Барнли. Френк Лампард може да биде задоволен што неговите фудбалери запишаа сигурна победа и воедно ја продолжија низата на четири меча без примен погодок во сите натпреварувања.

Се чини дека стратегот на Сините конечно го реши најголемиот проблем во екипата, се минималнизираат дефанзивните грешки, па со ветеранот Тијаго Силва и расположениот Менди на голот, сето тоа изгледа многу посигурно отколку на стартот од новата сезона.

По ремито од 3-3 со Саутхемптон, Челзи ја сочува мрежата против Севилја и Краснодар во ЛШ, односно против Манчестер јунајтед и сега против Барнли.

По некомплетираното седмо коло, Челзи засега е на четвртата позиција со 12 бода, еден помалку зад водечките Евертон, Ливерпул и Вулвс.

- Оглас -

Најнови вести