Сино-црните денеска мелат во Серија А, после Интер растури и Аталанта

Аталанта го разби сезонското пријатно изненадување Сасуоло со 5-1, и потсети на минатата сезона кога со ефикасен напад ги тероризираше противничките одбрани. Голови даваа и напаѓачи како Запата и дефанзивци како Госенс. Очигледно денеска денот за давање многу голови им беше на тимовите со сино-црни дресови, бидејќи пред Аталанта, завидна ефикасност прикажа и Интер кој постигна шест гола во дуелот со Кротоне.

Попладнево во мечевите од 15 часот, само Аталанта славеше дома.

Наполи предводен од Зјелински, со 4-1 славеше на гостувањето кај Калјари, а Елиф Елмас ги играше последните 15 минути, кога влезе на местото на Полјакот Зјелински. Џенова без Горан Пандев, одигра 1-1 против Лацио. Некогашниот клуб на Пандев поведе со гол на Чиро Имобиле од пенал и тоа беше продолжување на серијата на Имобиле од седум години по ред да погодува на првиот меч во годината.

- Оглас -

Најнови вести