Синоќа во НБА беше постигнат најбрзиот поен во историјата на лигата (Видео)

Само три секунди им требаа на кошаркарите на Индијана пејсерс да поведат со 3-0 на мечот против Кливленд кавалирс, и тоа е најбрзиот кош во историјата на НБА.

Стрелец на историскиот кош беше Бади Хилд, кој со ова ја надмина најголемата легендата на Пејсерс, Реџи Милер. Милер имаше дадено кош за 4 секунди, а синоќа после тројката на Хилд, семафорот покажуваше 11:57 минути до крајот на првата четвртина.

- Оглас -

Најнови вести