Синот на Арвидас Сабонис направи нешто што легендарниот татко не успеа на 470 меча во НБА

Домантас Сабонис, синот на прославениот литвански кошаркар Арвидас, игра одлично во дресот на Индијана во НБА-лигата. Токму 23-годишниот Сабонис беше најзаслужен за победата на Пејсерс против Денвер од 115:107. За разлика од татко му Арвидас, кој беше центар, Домантас игра како крилен центар, односно на позицијата четири.

Против Пејсерс, Сабонис беше незадржлив и на крајот успеа да оствари трипл-дабл со 22 поени, 15 скока и 10 асистенции. Интересно е што легендарниот Арвидас во НБА помина седум сезони во дресот на Портланд, но никогаш во 470 одиграни меча не успеа да оствари трипл-дабл, тоа што утрово му успеа на неговиот син.

- Оглас -

Најнови вести