Синот на Дејвид Бекам го постигна првиот гол во Англија и тоа за победа во 93-тата минута (Видео)

Синот на прославениот Дејвид Бекам, Ромео, го постигна првиот гол за Б тимот на Брентфорд. Ромео Бекам, кој има 20 години, потпиша шестмесечен договор со Брентфорд, каде што е како позајмен играч од Интер Мајами.

На дуелот против Вилдстоун, резултатот беше 2:2, кога во 93-тата минута Бекам успеа да погоди и да донесе голема радост на Брентфорд.

„Откако пристигна, Ромео воодушевува. Дојде тука да игра додека е пауза во МЛС и веднаш на сјаен начин се вклопи во екипата. Може многу да напредува“, рече тренерот на Б тимот на Брентфорд, Нил Макфарлејн.

- Оглас -

Најнови вести