Синот на легендата мајсторски се снајде и даде гол – Ница продолжува да сонува за ЛШ (ВИДЕО)

Ница со 1:0 го совлада Анже во првиот неделен натпревар од Лига 1 од 25-то коло.

Со голот на Џастин Клајверт кој е син на легендарниот Патрик Клајверт, тимот од Аѕурниот брег останува во борбата за второто место кое што носи директен пласман во лигата на шампионите.

Џастин одлично се снајде во 19-та минута од една тешка позиција и со еден допир успеа да ја протне топката под нозете на голманот на Анже, а истата беше недостижна за дефанзивецот. Интересно е тоа што домаќините имаа и два поништени гола со ВАР откако се откри дека тие беа постигнати од претходен офсајд.

Со оваа победа, Ница сега има 45 бода односно еден помалку од второпласираниот Олимпик Марсеј, додека убедливо напред е ПСЖ (59 бода). За потсетување, првите две екипи од Франција одат директно во Лигата на шампионите за наредната сезона, додека третопласираниот ќе мора да игра квалификации.

- Оглас -

Најнови вести