Синот на легендата потпиша за Работнички – Лука Станковски три години ќе биде „романтичар“

Талентираниот фудбалер Лука Станковски потпиша прв професионален договор со Работнички, а потписот го обврзува да остане кај романтичарите во следните 3 години.

Тој е син на познатиот наш поранешен фудбалер и репрезентативец Горан Станковски, кој беше и тренер на Работнички. Во составот на „романтичарите“ е и повозрасниот брат на Лука, Марио Станковски, па сега еден од нашите најдобри клубови ќе има и братски тандем.

Лука е еден од најголемите таленти во Македонија и од него Работнички очекува многу во следниот период. Три дена претходно уште еден талент од фудбалската Академија на Работнички, Методи Максимов потпиша тригодишен професионален договор со клубот од Дебар Маало.

- Оглас -

Најнови вести