Синот на Неапол потпиша за Торонто (ФОТО)

Лоренцо Инсиње од наредната сезона ќе настапува за екипата на Торонто, која се натпреварува во МЛС-лигата.

Синот на Неапол, како што го нарекуваат, целата своја досегашна кариера ја мина под договор со Наполи, а во три наврати беше испраќан на позајмица.

Инсиње ќе ја доигра оваа сезона со Калчолигашот, а со тимот од Канада потпиша договор до 2027 година, каде што тој ќе инкасира околу 14 милиони долари по сезона.

Офанзивецот и соиграч на нашиот Елиф Елмас, до сега за Наполи има одиграно 319 натпревари и има постигнато 89 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести