Синот на Пјаниќ е омилен кај играчите на Јуве (Видео)

Миралем Пјаниќ е еден од најомилените ликови во соблекувалната на Јувентус, а во последно време тоа станува и неговиот син Един. Јуве сезонава осми пат по ред стана првак на Италија и во тимот вледее опуштена атмосфера која можеби е малку разнишана со заминувањето на тренерот Масимилијано Алегри, но тоа и можеше да се очекува по неуспехот во Лигата на шампионите.

На последниот тренинг пред дуелот со Аталанта, посебен гостин беше синот на Пјаниќ, малиот Един, кој особено го воодушеви Кристијано Роналдо. Малиот Един ја имитираше прославата на головите на Португалецот. Реакцијата на Роналдо беше позитивна, тој насмеан замина во соблекувална. Таму, Един си играше со Пауло Дибала и покажа талент за фудбал.

Погледнете го шоуто на Един Пјаниќ:

https://www.youtube.com/watch?v=w7AtYzAIaDY

- Оглас -

Најнови вести