Синот на Зидан се посрамоти, прими гол од речиси пола терен (Видео)

Лука Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан, го направи киксот на викендот во Шпанија. Лука е голман на Реал Мадрид, но брани како позајмен играч во Расинг Сантандер во Сегунда дивисион. На меч од 29-тото коло, Сантандер беше домаќин на Тенерифе и загуби со 1:2.

Токму Зидан е највиновен за поразот на тимот кој e последнопласиран во втората лига и од следната година ќе игра во ранг подолу. Во десеттата минута Лука Зидан беше излезен далеку од шеснаесетникот, противничкиот играч тоа го забележа и со удар од речиси половина терен успеа да постигне атрактивен погодок. Голманот Зидан се обиде да ја стигне топката, но беше прекраток.

https://youtu.be/yRIfvWXCyaE

 

- Оглас -

Најнови вести