Синот на Зинедин Зидан сака да го смени репрезентативниот дрес

Лука Зидан, синот на еден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, можно е да избере да настапува за репрезентацијата на Алжир. Талентираниот голман ги помина сите младински категории во француската репрезентација, но уште нема дебитирано за сениорскиот состав, што значи дека може да ги смени националните бои.

Лука има право за настап за Алжир поради неговите семејни корени. Семејството Зидан по потекло е од Алжир, па синот на Зинедин размислува да го промени државјанството.

Во изминативе неколку години Лука беше голман на Реал Мадрид, но откако не доби вистинска шанса да брани за првиот тим, летово беше даден на позајмица во Расинг Сантандер.

- Оглас -

Најнови вести