Сите 20 калчолигаши се согласија сезоната да продолжи

Сите 20 екипи од Серија А се согласија сезоната да продолжи, известуваат италијанските медиуми. Претходно имаше најави дека екипите како Бреша и Торино беа против враќање на терените, меѓутоа на денешниот состанок едногласно е одлучено да се доигра сезоната 2019/20.

Условот од Владата на Италија за продолжување на сезоната е да се креира функционален протокол кој ќе ја гарантира безбедноста и здравјето на фудбалерите и стручните штабови, во спротивно ќе се прогласи крај на сезоната.

Како што е познато, првичниот план е сезоната во Калчолигата да продолжи кон почетокот на јуни, а клубовите да почнат со тренинзи од 18 мај.

- Оглас -

Најнови вести