Сите екипи кои играа ноќеска, постигнаа трицифрен број на поени (Видео)

Шампионот во НБА лигата, екипата на Голден Стејт вориорс забележа важен триумф, откако со 129:117 славеше против Торонто. За Воините ова беше 25-та победа во 49-тиот меч и не дозволија да паднат под 50 отсто победи.

Ефикасно беше уште од самиот старт, па по првите 12 минути, Торонто водеше со 36:34, а на полѕвреме резултатот беше 63:62. Во третата четвртина, Голден Стејт беше подобар со резултат 35:32 и беше јасно дека последниот квартал ќе биде решавачки. На крајот, домаќините имаа подобра концентрација и славеа дури со двоцифрена разлика.

Стеф Кари со 35 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Клеј Топмсон додаде 29 поени.

Во останатите мечеви, Милвоки како гостин славеше против Индијана со 141:131, а во останатите средби домаќините беа подобри. Минесота го победи Мемфис со 111:110, Мајами славеше над Орландо со 110:105, а Оклахома со 112:100 беше подобра од Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести