Сите ги запознаа браќата на Јокиќ, а сега се појавија и „сестри Јокиќ“ (Фото)

На натпреварот од НБА-лигата помеѓу Орландо меџик и Денвер нагетс, на трибините имаше две девојки кои носеа специјални маици на кои пишуваше „Сестри Јокиќ“.

Откако „опасните“ браќа на српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ станаа популарни во САД и важат за „страв и трепет“ на мечевите на Денвер, вистинските браќа на Никола, Страхиња и Немања, сега добија и „женска верзија“.

Овие девојки не дојдоа во салата да ги плашат играчите на Мајами како браќата Јокиќ по инцидентот на Никола со Маркиф Морис, туку му даваа поддршка на Србинот на дуелот со Орландо.

Јокиќ во Орландо одигра слабо, неговиот тим загуби, но ако ги видел или ги слушнал девојките со маици „Сестри Јокиќ“ кои викаа по него, веројатно барем малку се насмеал.

- Оглас -

Најнови вести