Сите го бираат Меси, а тој смета дека не е најдобар напаѓач на сите времиња

Речиси целата фудбалска јавност смета дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, а со својот неверојатен учинок може да се смета и за најдобар голгетер иако заостанува зад Кристијано Роналдо. Сепак, мегаѕвездата на Барселона ниту себеси се стави на прво место, ниту неговиот ривал кој сега го носи дресот на Јувентус.

Според Меси, најдобар напаѓач на сите времиња е Роналдо Назарио, Бразилецот кој во кариерата ги бранеше боите на Интер, Милан, Реал и Барса. Некогашната „деветка“ на Кралевите во најдобрите денови беше незапирлив, а кариерата ја заврши со повеќе од 350 погодоци за клуб и репрезентација, од кои најмногу постигна токму за Реал (104).

„Роналдо беше вистински феномен, затоа му одговараше прекарот. Од сите напаѓачи кои сум ги гледал, тој беше најдобар. Едноставно незапирлив“, истакна Меси.

Како за потсетување, и Жозе Мурињо го потенцираше „Ил феномено“ како најдобар голгетер со фудбалот, пред Меси и Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести