Сите го „рогаат“ топчето, Бадоса најде оригинален начин да го искали бесот (Видео)

Паула Бадоса доживеа непријатно изненадување и е елиминирана во раната фаза на ВТА турнирот во Дубаи, иако беше рангирана како трета носителка, а загуби со 1:2 во сетови од Габриела Русе.

Романката успеа да победи и да ја изнервира фаворитката, па во еден момент од мечот, Бадоса реагираше бесно и со сета сила го катапултираше стегачот од левата рака на трибини.

Чуден потег на Шпанката, која потоа не успеа да се сконцентрира и да ја победи 59-торангираната светска тенисерка од Романија.

Русе и во осминафиналето ќе има голем предизвик против уште една фаворитка и ќе го игра романското дерби против Симона Халеп.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести