Сите играчи во Серија А ќе бидат вакцинирани пред почетокот на сезоната

Цела екипа на Специја веќе неколку дена е во изолација откако 11 членови на овој калчолигаш беа позитивни на последните направени тестови на корона-вирусот. Овој случај го вклучи алармот, па се очекува до почетокот на првото коло во италијанската Серија А да бидат вакцинирани сите фудбалери.

Првото коло во новата сезона на Серија А ќе биде на 21 август, а првите мечеви што ќе се одиграат се меѓу Интер – Џенова и Верона – Сасуоло. Сите клубови до 20 август ќе треба да ја имаат потребната документација за вакцинираните фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести