Сите ја чекаа пораката на Рамос по елиминацијата на Шпанија

Второ светско првенство по ред Шпанија е елиминирана во осминафиналето и тоа поради тоа што Црвената фурија беше послаба во изведувањето на пенали. Против Мароко, Шпанците ги промашија сите три пенали што ги изведоа и на крајот беа елиминирани со 3:0.

Оваа елиминација е големо разочарување за Шпанците кои имаа големи планови за Мундијалот во Катар, а не успеаа да влезат ниту меѓу осумте најдобри. По поразот од Мароко, многумина чекаа каква ќе биде реакцијата на долгогодишниот капитен на Шпанија, Серхио Рамос, кој беше изоставен од составот за Мундијалот. Рамос беше разочаран кога не доби шанса да биде дел од шпанската репрезентација, а сега откако селекцијата доживеа неуспех, Рамос покажа дека бил вистински капитен и наместо критики даде само поддршка за националниот тим.

„Денеска, повеќе од било кога сум горд на нашето знаме, на нашата земја, на нашите играчи. Шпанија не губи, Шпанија учи. Шпанија паѓа, се сопнува, но и се дига и продолжува напред. Ќе се вратиме уште посилни. Напред Шпанија“, беше пораката што ја упати Рамос по елиминацијата на Црвената фурија од Мароко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

- Оглас -

Најнови вести