Сите ја фалат атмосферата на ова гостување, само Велшаните се жалат до УЕФА: Може да биде кошмар за нас

Фудбалската асоцијација на Велс испрати предупредувачко писмо до УЕФА дека гостувањето на популарните Змаеви во Сплит на Пољуд против Хрватска на 25. март може да биде кошмарно.

Ова се однесува на околу 1.700 гостински навивачи за кои се стравува дека можат да доживеат непријатни моменти, а дел од нив ќе бидат сместени во таканаречените кафези, односно затворен простор, изолиран од домашните симпатизери.

Мечот е квалификациски за настап на ЕП во Германија во 2024 година, а Велшаните се одлучија да го испратат писмото до УЕФА по инспекцијата на стадионот, но и градот Сплит.

Во делегацијата имаа и претставник на навивачите, по чија иницијатива и протестираат Велшаните.

„Знаеме дека атмосферата во Сплит е неверојатна, но мора да биде и безбедно за нашите навивачи. Бараме само да бидат корегирани дел од недостатоците што ги нотиравме и им ги кажавме на домаќините, но не добивме одговор. Затоа испративме писмо до УЕФА, за да се регулираат проблемите. И за да не дојде до несакани судири и проблеми за навивачите“, велат од ФА Велс.

Тие го наведоа и примерот со мечот меѓу Хајдук и Евертон играм во 2017 година кога имаше инциденти и на стадионот и надвор од него.

Хрватска и Велс се во Д групата заедно со Турција, Ерменија и Летонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести