Манчестер јунајтед се очекува да биде една од најактивните екипи во јануарскиот преоден рок. Голем број ѕвезди се поврзуваат со трансфер во редовите на Црвените ѓаволи, но британските медиуми откриваат дека првото засилување за Рубен Аморим ќе пристигне од Јужна Америка.
Се работи за млад фудбалер кој има само 17 години и доаѓа од Парагвај. Фудбалерот на Серо Портено, Диего Леон, се очекува зимава да потпише за Манчестер јунајтед откако веќе сè е договорено, а парагвајскиот клуб ќе добие обесштетување од шест милиони евра.
Се работи за лев бек кој веќе има 19 одиграни натпревари во сениорска конкуренција, а на своето деби постигна гол за победа.