Сите пет Квоти на денот се поголеми од 2.00, а ги нема дуелите од топ-5 лигите

Во петте Квоти на денот што ги предлага Sport Life нема натпревари од топ-5 најсилните европски лиги бидејќи екипите се подготвуваат за Светското првенство и застапени се мечеви од четири земји – Грција, Романија, Франција и Португалија.

Најмалата квота изнесува 2.00, најголемата 2.70, а сите заедно прават коефициент од 71.28.

Астерас Триполис го пречекува Јоникос и за играта домаќинот да триумфира и да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме, квотата изнесува 2.50.

Најголема е квотата за вториот дуел од Грција, меѓу ОФИ Крит и Левадијакос и изнесува 2:70 за играта дека домаќинот ќе слави и ќе има помеѓу 2 и 6 гола.

Во Романија се очекуваат голови и предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола во двете полувремиња, а квотата за оваа игра е 2.40.

Голови се очекуваат и на мечот меѓу Нанси и Седан, а за играта да има најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар, квотата е 2.00.

Санта Клара нема да загуби на домашен терен против Есторил и за играта 1Х&1+ прво полувреме, коефициентот изнесува 2.20.

- Оглас -

Најнови вести