Сите се чудеа: Фудбалерот промаши, но судијата досуди дека е гол (видео)

Фудбалерите на Кастењана победија со 1:0 во дуелот против Ночатаро на гости во меч од петтата лига во Италија, а интересно е дека погодокот со кој домаќините се радуваа на триумф, воопшто не беше постигнат.

Гостинскиот напаѓач Сабатели од неколку метри откосо шутираше, но топката заврши во надворешнио тдел до мрежата. Фудбалерот разочаран остана да лежи на тревата, но беше пријатно изненаден откако виде дека судијата покажа на центар.

Арбитарот мислеше дека топката завршила во голот, а потоа излегла од некој скинат дел од мрежата. Домашните фудбалери реагираа, но залудно затоа што судијата не промени својата одлука.

- Оглас -

Најнови вести