Сите шест англиски тимови официјално се откажаа од Суперлигата, Шпанците и Италијанците засега не!

Европската фудбалска Супер лига е смртно ранета откако шесте англиски клубови под притисок на навивачите, но и на Владата решија да се повлечат од проектот.

Од Суперлигата потврдија дека премиерлигашите попуштиле под „сериозниот притисок”, но и покрај тоа сметаат дека актуелната фудбалска состојба има потреба од сериозни промени.

„Европската Суперлига верува дека моментната ситуација во европскиот фудбал треба да се промени. Ние предлагаме ново клупско натпреварување бидејќи сегашниот систем не работи. Нашиот предлог цели кон развој на спортот и да генерира приходи и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучително и да помогне да се надминат финансиските проблеми како резултат на пандемијата. И покрај најавата на англиските клубови дека ја напуштаат лигата, иако тие беа подложени на сериозен притисок за ова решение, ние сме убедени дека нашиот предлог е целосно коректен кон сите европски закони и регулативи. Ќе ги преразгледаме мерките за промени на овој проект бидејќи секогаш ќе имаме предвид да им предложиме на фановите најдобро задоволство и да ја потврдиме солидарноста кон целата фудбалска заедница”, велат од Суперлигата.

Има шпекулации дека по англиските тимови, и Интер и Милан може да го напуштат друштвото, но засега нема ништо официјално.

- Оглас -

Најнови вести