Челзи го совлада Ливерпул со 3-1 во премиерлигашко дерби после кое фановите на двата тима беа распеани.
Домашните ја славеа третата победа по ред со која Челзи е петти на табелата со добри шанси да се пласира во Лигата на шампионите, а гостите до крајот на сезоната ќе бидат во добро расположение бидејќи на убедлив начин ја освоија Премиер лигата.
Ова беше само трети пораз за Ливерпул сезонава, а втор во последните пет кола. Пред мечот, екипата на Челзи им приреди почесна гарда на гостите од Ливерпул. Инаку Црвените од Ливерпул и во 2020 година загубија на првиот меч после обезбедената титула.